-->
-->
Оклахома ги елиминираше Лејкерси и се пласираше во полуфиналето на плејофот
-->

Оклахома Сити ги победи Лос Анџелес лејкерс ноќеска на гостински терен во четвртиот натпревар од четвртфиналето на НБА плејофот со 115:110.
Најдобар стрелец на натпреварот беше гостинскиот плејмејкер Шеј Гилџус-Александар, кој постигна 35 поени и осум асистенции. Бекот на Лејкерси, Остин Ривс, постигна 27 поени, а Леброн Џејмс имаше дабл-дабл со 24 поени и 12 скока.
Оклахома Сити ги доби сите четири натпревари од серијата (4-0) и се пласираше во полуфиналето на НБА плејофот, каде што ќе се соочат со победникот од серијата Сан Антонио – Минесота (2-2).
На вториот натпревар одигран ноќта понеделник кон вторник, Кливленд кавалирс Детроит пистонс со 112:103 и израмни на 2:2 во серијата прв до четири.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Ако не се најде решение за превозниците, ќе нема кој да ја испорача стоката до Унијата
-

На Неврологија третирале 16 годишен пациент со мозочен удар
-

Потпишана Националната програма за достоинствена работа
-

СДСМ: Историска победа во Србија – ќе се расчистат криминалите во Македонија
-

ВМРО-ДПМНЕ: Промените почнаа кога падна Заев
-

Бесплатни прегледи на Клиниката за неврологија
-

Недостига пристап до здравствена заштита во затворите
-

Становите во Штип достигнаа и до 1.500 евра за квадрат
