„Оне Македонија телекомуникации“ формално стана трет мобилен оператор
„Оне Македонија телекомуникации“ на унгарски „Фор-ај-џи“ и официјално е трет македонски оператор. Компанијата ја доби лиценцата за 5г радиофекфенција од Агенцијата за електронски комуникации.
Во почетокот операторот ќе ја користи инфраструктурата на постојните два мобилни оператори, а во меѓувреме ќе гради сопствена мрежа базирана на технологија од шведски „Ериксон“.
-За да бидеме целосно независни, тоа бара време и затоа ќе ја користиме мрежата на нашите конкуренти за т.н. национален роаминг. Првично ќе ја лансираме мрежата во Скопје, а потоа и на територијата на цела Македонија, рече директорот за стратегии во групацијата „Фор ај Џи“, Пал Заранди.
Компанијата веќе има стратегија за да им ги помати сметките на постојните оператори. Очекувањата се дека во првите 5 години уделот во пазарот на „Оне Македонија телекомуникации“ ќе биде двоцифрен.
-Значаен удел во пазарот. Двоцифрен удел. Значаен удел, но сега не можам да коментирам за најспецифичната комерцијална стратегија, околу тоа колку ќе бидеме агресивни, ова се специфични детали. Ќе ме разберете, рече Заранди.
Планот е до крајот на март 2027, компанијата да го покрие Скопје со 5Г мрежа. До крајот на 2028, согласно договорот, со постојан 5г сигнал без прекин треба да бидат покриени главните патни коридори во државата. До крајот на 2030 сигнал ќе мора да биде обезбеден во сите градови. До крајот на 2032, секој граѓанин да има можност за пристап до интернет преку 5Г мрежа со брзина од најмалку 100 мегабајти во секунда.
Од АЕК уверуваат дека и покрај тоа што Фор-ај-џи ги доби радиофрекфенциите, државата има капцитет во иднина да прими и четврт оператор.
-Има, не е невозможно. Тешко, ама има. Има можности за четврти оператор, ако има интерес, рече директорот Акику.
Процесот на влез на унгарски „Фор ај-џи“ почна минатата година кога преку својата подружница „Оне Македонија телекомуникации“ достави официјално писмо за намери до АЕК кадешто изрази интерес за обезбедување достапни радиофрекфенции како дел од планот за влез на телекомуникацискиот пазар.
-
Даниел Василев
Сите содржини од овој новинар
