Опозицијата обвинува за двоен скандал во набавката на противпожарна скала, власта тврди дека постапката била транспарентна
Скалата која ја набавува градот за противпожарната бригада опозицијата тврди дека е идентична со онаа на загребачката служба. Според ВМРО ДПМНЕ Шилегов учествува во двоен скандал со тоа што двојно поскапо ја купил скалата, а дополнително на тоа што ја набавува преку фирма која е во сопственост на зетот на секретарот во Град Скопје. Опозицијата обелодени дека се работи за фирмата Армор плус а според договорот за набавка зетот на градскиот секретар требало да земе 37отсто од сумата без разлика за која цена ќе биде склучен договорот.
Скалата велат е идентитчна со онаа во Загреб, со тоа што скопската била со пумпа со поголем капацитет. Според ВМРО ДПМНЕ ваква скала неколку метри помала општина Кавадарци добиле за 0 денари, како донација.
Од СДСМ реагираат дека за 11 години ВМРО ДПМНЕ имале можност да набават противпожарни возила наместо Панорамско тркало.
„Колку противпожарни возила со скали можеа да набават да не правеа лавови, фонтани и вртелешки, да не потрошеа речиси 20 милиони евра на Панорамското тркало? Противпожарното возило со автомеханичка скала, со кое се спасуваат животи, бидејќи при пожар овозможува евакуација на сите што живеат во објекти од петти кат нагоре, кои често остануваат заробени во своите домови, е набавено низ транспарентна постапка со меѓународен тендер.“
-

Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
