Македонија
3. January 2026 - 16:42

Опозицијата предвидува тешка 2026 година и избори, премиерот одговори: Внимавајте што посакувате

Избори па мигранти. Опозициската СДСМ предвидува тешка 2026 година. Велат, недостасуваат една милијарда евра, се е поскапено, а поскапувањето на струјата ќе повлече зголемување и на другите цени. 

Бидејќи следуваат избори па мигранти оваа година Владата до изборите ќе се обидува со манипулации и мачкање очи да ги излаже граѓаните. Се најавува повторно минимално зголемување на пензиите кое инфлацијата и поскапувањата веќе го изеде. Но, минималното зголемување на дел од пензиите на власта и треба само за купи мир до изборите. Се најавува купување електрични локомотиви а нема да има струја. Власта се расфрла со ветувања за мали деца само до изборите, сè заради гласови бидејќи ја губи поддршката од граѓаните од ден на ден. А потоа, кога сè ќе помине – од каде пари? Од договорите мигранти за пари. Шест милијарди за покривање на буџетските дупки и за уште 1.161 тендер, за ортаклукот на ВМРО-ЗНАМ и за испумпување пари од граѓаните, велат од СДСМ. 

Прашан дали има вистина во пишувањата на СДСМ за можно избори, Премиерот одговори кратко – внимавајте што посакувате.

-Па јас не сум го слушнал тоа, дали спомнуваат. Но понекогаш човек треба да внимава што посакува, може и да му се оствари, рече Мицкоски. 

Во изминатиот период Мицкоски неколку пати кажа дека 2026 ќе биде година на финансиско консилидирање и дека барем засега не се планираат избори. 

По објавата на британски Тајмс дека Македонија влегла во официјални преговори со Обединетото Кралство за прием на одбиени азиланти, опозицијата подолг период обвинува дека Владата прифатила да прими странски државјани за пари. Владата демантираше, но само дома. Британската амбасада во земјава, ниту потврди, ниту демантираше дека Скопје влегло во такви преговори со Лондон.