Определен 30 дневен притвор за сопружниците осомничени за убиството на докторот Ацо Трповски

Судот го прифати предлогот на Основнотно јавно обвинителство Скопје и им определи 30 дневен притвор за сопружниците осомничени за убиството на докторот Ацо Трповски, извршено на 21 март 2024 година во скопската населба Автокоманда.
Како што информираат од Основниот кривичен суд Скопје, судот притворот е поради постоење на опасност од бегство и влијание врз сведоци.
Основното јавно обвинителство Скопје вчера соопшти дека, по спроведена истрага и обезбедени докази во соработка со Министерството за внатрешни работи, е расветлено убиството на Ацо Трповски. Според обвинителството, постои основано сомнение дека 65-годишен маж го сторил кривичното дело „убиство“ од член 123 став 1 од Кривичниот законик, додека неговата 59-годишна сопруга е осомничена за помагање при извршувањето на делото.
Според истрагата, осомничената претходно договорила средба со жртвата на паркинг во Автокоманда. Кратко време откако влегла во неговиот автомобил, пристигнал осомничениот. Тој ја отворил вратата од возилото и го извлекол оштетениот, со кого започнале вербално да се расправаат. Во еден момент, осомничениот извадил нож и му нанел девет убодни рани во градите и телото од кои оштетениот починат.
Сопружниците заедно го ставиле телото на предното седиште од автомобилот. Осомничениот го одвезол до паркингот на Поликлиниката Железара, каде го префрлил починатиот на возачкото седиште. Осомничената со средство ги избришала трагите од автомобилот, по што двајцата заминале.
Обвинителката Елена Жакула во изјава за медиумите информира дека Обвинителството располага со цврсти докази за сопружниците за убиството на лекарот Ацо Трпкоски, мотивот ќе се истражува дополнително.
МИА
Ново на Сител
-

РKE размислува за повеќе евтина струја преку ден и за викенд, нов модел подготвува и за гасот
-

Секој жител во земјава годишно фрла по 86 килограми храна
-

Преглед на вестите од светот
-

Фон дер Лајен во Скопје со совет за деблокада на процесот со Бугарија
-

СДСМ смета дека се потврдиле стравувањата
-

Судот му одреди 30 дневен притвор на Дејан Јованов за новата истрага за поткуп
-

Директор во Лотарија обвинителството го прогласи за непријателски сведок
-

Јанев: Падна митот за недопирливите во Прилеп, нема повеќе криење позади униформата и врските
