Општина Аеродром: Коалицијата Левица – СДСМ е против новите училишта и градинки во Аеродром
Денешната прес-конференција на СДСМ и соопштенијата на Левица во изминатите денови, се уште една потврда за деструктивната коалиција помеѓу овие две политички партии. Тие сѐ уште се во обид за дефокус на јавноста од лошите и штетните политики кои СДСМ заедно со Левица ги реализира на централно ниво, а кои секојдневно ја носат држата во политичка, економска и финансиска бездна.
Новите градинки, училишта и улици се новата реалност во Аеродром, а Зелената обврзница е инвестиција во објекти кои ќе донесат промени и подобар живот во Аеродром.
Промени кои очигледно им пречат на коалицијата СДСМ и Левица, која донесе сиромаштија, криминал и корупција за граѓаните. Со лошите политики кои оваа коалиција кои се спроведуваат на централно и локално ниво, СДСМ и Левица неуспешно се обидоа да ја закочат и блокираат изградбата и реализацијата на проекти кои единствено ќе донесат подобро утре и подобар живот за граѓаните на Аеродром.
Напоменувам дека Општина Аеродром останува посветена во процесот на реализацијата на капиталните проекти и инвестиции, и уште еднаш потсетуваме дека ова е обид за замајување на јавноста со лажни соопштенија и неточни информации и дефокус на јавноста од несекојдневните проблеми.
Општина Аеродром
Ново на Сител
-

Руската ПВО соборила 272 украински дрона, три жртви во украински напад врз Симферопол на Крим
-

Намален бројот на работници во индустријата
-

Руте: Продолжува испораката на ракети пресретнувачи PAC-3 за Украина
-

АХВ одбележува 15 години постоење
-

Комисиска расправа за предлог законите за високи раководители и за соодветна и правична застапеност
-

Претставничкиот дом на САД усвои резолуција за прекин на воените дејствија против Иран
-

Трамп најави учество на Самитот на Г-7 во Франција
-

Променливо облачно со повремен дожд и грмежи
