СДСМ го одржува 32. Конгрес
Под слоганот „Твоја држава-твоја шанса“ опозициската СДСМ на Конгрес треба да ја дефинира партиската програма. Делегатите треба да ја дефинираат платформата, но и програмската рамка на изборна програма на СДСМ за парламентарните избори, брифираат за Сител партиски функционери.
Со чекори во повеќе области во програмата која Сител го доби текстот на платформата во која изрично не се споменуваат уставните измени, само е наведено дека македонскиот идентитет престанува да биде тема на разговор а јазикот е црвената линија.
Филипче повика СДСМ да изврши силен и континуиран притисок врз власта за да се каже планот за продолжување на европскиот пат.
Најави жестока битка корупцијата, а со платформата ќе се бара итно исполнување на реформската агенда особено во делот за владеење на правото. Според планот на СДСМ ќе се прави и ветинг до корен –проверка на потекло на имот на сите функционери од 1991 до денеска, ама и проверка на имотот на судиите.
Вработувањето во администрација ќе биде анонимно за да се вреднува квалитетот. СДСМ ќе се бори и за скратување на работната недела на 4 дена.
Во фокусот се ставени работниците и земјоделците ветувајќи правда, солидарност,силни институции и европска иднина..
Целосно укинување на данокот на промет за сите до 35 години кои го купуваат првиот стан, најавуваат и оданочување на луксузот, односно данок на енормни наследства кој ги таргетира само најбогатите.Според прорамата, со струјата ќе управуваат професионалци, наместо политичари. Предвидуваат субвенции за училишта кои воведуваат мешани паралелки.
Најавувајќи го како прв Конгрес на одговорност, Филипче порача дека СДСМ има задача да ја редефинира својата програмска основа за партијата повторно да биде препознаена како носител на прогресивните политики во државата.
На 32-от Конгрес на партијата, СДСМ доби поддршка и од сестринските партии во регионот. На когресот присутнио беа и поранешните претседатели Ковачевски и Бучковски.
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар
