Македонија
1. October 2026 - 12:23

Општина Охрид се подготвува за затворање на депонијата Буково

Завршен е проектот за осветлување, оградување на просторот околу депонијата Буково и строго забранет е пристапот на неовластени лица .Оваа година на депонијата се депонирани над 8 000 м3 земја,   како дел од вонредните и континуирани мерки за справување со честите пожари, прикривање на жариштата и стабилизирање на теренот.

Паралелно градоначалникот Пецаков вели дека продолжуваат  подготвките  за затворање на депонијата , кои треба да започнат откако ќе профункционира регионалната депонија во Новаци.

По отворањето на регионалната депонија за Југозападниот и Пелагонискиот регион во Новаци општина Охрид заедно со фирми од Словенија го започнува проектот за затворање на Буково која  претставува горлив еколошки проблем за Охрид и околината.