Македонија
23. December 2021 - 12:23

Општина Штип ќе бара одговорност за поплавеното училиште

По 10 дена он-лајн настава, 650 средношколци од електро – машинското училиште „Гошо Викентиев“ во Кочани, се враќаат во училишните клупи. Вториот кат од училиштето беше целосно поплавен, а водата продре се до приземјето. Училниците од првиот кат се оспособени за настава и таму ќе учат сите ученици. Причина за поплавата беше отворениот кров кој се реконструираше, а изведувачот оставил еден поголем дел не покриен во периодот кога имаше интензивни врнежи од дожд. Од локалната самоуправа велат дека откако ќе се изврши целосна проценка на штетата, ќе се побара одговорност.

- Општинскиот ревизор излезе на терен и ги утврдува постапките, процедурите и начинот на кој е спроведена јавната набавка и на крајот ќе излеземе со оценка кога ќе ги комплетираме сите овие моменти во еден комплетен извештај- изјави Љупчо Папазов, градоначалник на Кочани.

Поплавени се 7 училници, уништени 70 компјутери, 100-тина клупи и друг училишен инвентар.