Општините Лозово, Зрновци и Петровец со раст на наталитетот
Мерките на Владата даваат резултати. Наталитетот оди во нагорна линија. Лозово, Зрновци и Петровец се општините каде во последно време се раѓаат повеќе деца.
-Општината Петровец има доста младо население, има доста млади брачни парови, а и голем број родители кои се решаваат за трето, четврто, па и петто дете. Како податок ќе го земам бројот на семејства кои се решиле за трето дете. Во 2009 година имало 15 вакви семејства од Петровец, а изминатата 2014 година бројот на семејства кои добиле трето дете се има искачил на 38 семејства. Ваквото покачување е за повеќе од 100 %. Тоа се одлични показатели. Таквите трендови мора да продолжат и дополнително да се прошират, изјави вчера Премиерот Никола Груевски.
Друг покарактеристичен пример е руралната општината Лозово каде во 2008 година пред да започне да се дава родителскиот додаток за трето дете биле родени 20 бебиња, додека во 2014 година тој број се зголемил на 35.
Исто така во општината има зголемување на бројот на родени бебиња и покрај тоа што населението се намалува.
-Во 2008 година во Лозово имало 2700 жители и имало само 20 родени бебиња, во 2014 во Лозово живееле 2400 лица, а бројот на новородени изнесувал 35 лица. (односно зголемување на бројот на новородени за над 75 проценти).
На зголемувањето на наталитетот во општината според познавачите големо влијание има Финансиската подршка која им се дава на брачните парови кои имаат трето дете.
-Ако во 2008 година имало три третородени деца, во 2014 година нивниот број се зголеми на шест или за сто проценти.
Покрај државата на зголемување на наталитетот работи и Општина Лозово се даваат финансиски средства и бенефиции за новите брачни парови, но и по 5000 денари за секое родено дете.
Пораст на наталитетот има и во Зрновци. Оваа рурална општина во Источна Македонија успешно се спротивставува на белата чума.
Според Државниот завод за статистика, во 2009 година во Општина Зрновци биле родени 21 дете, додека во 2014 година бројот на родени деца е зголемен на 30.
-Во 2008 година во Зрновци е родено само едно трето дете, додека во 2014 година родени се четири трети деца.
Пред седум години во оваа општина немало родено ниту едно четврто дете во едно семејство, додека во 2014 година родени се три четврти деца во Зрновци, што покажува дека стимулациите за многудетни семејства даваат резултати.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
