Македонија
10. December 2022 - 16:28

Општините немаат инспектори

Општините, посебно рураланите, се соочуват со недостиг од инспекциски кадар. Инспектор за домување, за животна средина и комунален градежен инспектор, се само дел од дефицитарните профили, во најголемиот дел од општините. Проблем претставува и Законот за инспекциски надзор, со кој се бара поседување на лиценца за инспектор. 

  • Моментално и ние како инспектори покриваме во некои општини каде што нема, независно дали се работи за комунални инспектори или инпектори за заштита на животната средина, за домување и градежни инспектори. Тие недостатоци од инепкциски кадар треба да го решаваат градоначалниците и институциите каде што работат- изјави Борче Везенков.

Според Законот за јавна чистота, Законот за комунални дејности и одлуката за комунален ред која ја носат општините, за прекршителите следуваат парични глоби кои се движат помеѓу 40 и 150 евра, но најпрво се изрекуваат опомени.

  • Се оди со казна, кога веќе не ги почитуваат сите опомени, да речеме, една, две, три опомени, тогаш пишуваме мандатен платен налог- додаде Везенков

На одбележувањето на 20 годишнината од постоењето на Здружението на комунални инспектори, беше избрано ново раководство, кое ќе има за цел организирање и заедничко настапување пред локалната и централаната власт. Пред неколку години, преку Здружението се успеа да се издејствува 30% додаток на плата за инспекторите на државно и локално ниво.