Македонија
25. April 2022 - 16:31

Општините од Југоистокот бараат решенија за енергетската криза

Граѓаните од десетте општини на Југоистокот  преку форумски сесии одлучуваа како да бидат искористени околу еден милион евра обезбедени преку грантовата шема и Програмата на Бирото за регионален рамномерен развој. Како приоритети ги утврдија развојот  на туризмот, заштита на културното наследство, енергетската ефикасност. Од програмата на Швајцарската агенција за развој и соработка на располагање имаат  20 милиони денари за кои на форумите беа понудени три концепти.„Смарт вело регион“, „Енергетски ефикасен регион“ и „Дојран - регионална еко оаза“.

Според учесниците на форумските сесии и средствата од бирото рамномерен регионален развој треба да бидат наменети за инвестиции во туризмот, но и повеќе инфраструктурни проекти. Предлозите на граѓаните добиле поддршка и од општините од каде се најавени дополнителни средства за реализација.

Средствата од двете програми ги обезбеди Центарот за Развој на Југоисточниот плански регион кој ги реализираше и регионалните форумски сесии преку кои им се дава можност на граѓаните сами да ги лоцираат проблемите во нивната заедница и да посочат решенија за истите.