Свет
24. July 2025 - 11:47

Орбан: Христијанските и конзервативните вредности не се спротивни на демократијата

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека неговата влада, владејачката партија Фидес и политичката групација „Патриоти за Европа“ придонеле за враќање на демократијата на нејзините „вистински основи“, ослободувајќи ја, како што рече, од „јазичниот затвор“ што го наметнале либералите.

Во видео објава на социјалната мрежа Икс (поранешен Твитер), Орбан тврди дека по падот на тоталитарните режими во 1990 година, политичкиот баланс во Европа требало повторно да се дефинира, но доминантната идеолошка рамка била креирана од либералите.

– Најголемиот мајсторски потег на либералите беше тоа што ги убедија луѓето дека демократијата може да биде само либерална. Изградија теорија врз тоа – дека оној кој не е либерал или не ги прифаќа основните елементи на либералната интерпретација на светот, или пак е христијанин – се наоѓа надвор од ѕидовите на демократијата, рече Орбан.

Тој оцени дека долго време европската политика се борела во тој, како што го нарече, „јазичен затвор“, сè додека – со значаен унгарски придонес – не била ослободена од таа рамка.

– Преку работата на нашата влада, преку успехот на Фидес и преку „Патриотите“, докажуваме дека е можно да постои христијанска, конзервативна, на нацијата ориентирана демократија, изјави Орбан.

 

МИА