Преглед на вестите од светот
Преговорите за прекин на огнот во појасот Газа се во застој. Израел и Соединетите држави ги повлекоа своите преговарачи од главниот град на Катар, Доха. Специјалниот американски пратеник за Блискиот Исток Стиф Виткоф дециден- Хамас не е подготвен за постигнување прекин на огнот. Сега ќе истражиме други опции за враќање на заложници дома и ќе се обидеме да создадеме постабилна ситуација за народт на Газа напиша Втиков на платформаата Х. Хамас порача дека останува отворен за преговори. Пробив во разговорите за договор за прекин на огнот помегу ИЗарел и Хамас со месеци не можат да постигнат САД, Катар и Египет , додека ситуацијата со хуманитарната криза во Газа драматично се влошува поради акциите на Израел.
Соединтетите држави и Израел остро реагираа на најавата на францускиот претседател Емануел Макрон дека Франција ќе ја признае државата Палестина за време на Генералното собрание на ОН во септември. Шефот на израелската влада Бенјамин Нетањаху истакна дека таков потег го наградува тероризмот и носи ризик да создаде уште еден ирански посредник, исто како што стана Газа. Американскиот државен секретар Марко Рубио во објава на социјалните мрежи напиша-САД го отфрлаат планот на Макрон за признавање на палестинската држава на Заседанието на Обединетите нации. Оваа неодговорна одлука им служи единствено на пропагандата на Хамас, а не на мирот. Тоа е шлаканица во лицето на жртвите од 7 октомври напиша американскиот државен секретар Марко Рубио на X. Доколку Франција го спроведе ова признавање, ќе биде најзначајната европска земја што ќе преземе ваков чекор.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски обајви дека го поништил контроверзниот закон со се кој се огранаичува независноста на клучните антикорпуциски тела, по неколкудените масовни протести во Украина и по острите кртиики од ЕУ. „ Јас го почитувам мислењето на општеството. Верувам дека е апсолутно нормално да се реагира кога луѓето не сакаат нешто или кога нешто не им се допаѓа“, рече Зеленски. Истакна дека во апрламентот доставил нов предлог закон кој ја враќа независноста на Националното антикорупциско биро и Специјалното антокорупциско обвинителството , кои со претходниот закон се ставаа под контрола на јавниот обвинител ,назчанечен од Зеленски.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар