Орбан: Пристапувањето на Украина во ЕУ може да ја уништи унгарската економија и да донесе војна
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека Унгарија не може да го поддржи пристапувањето на Украина во Европската Унија бидејќи, како што рече, „достигнувањата што се постигнати досега мора да бидат заштитени“.
Во интервју за јавното радио, Орбан објасни дека проширувањето на ЕУ во минатото било корисно за постојните членки, како што е Унгарија, но дека приемот на Украина во блокот би бил штетен за Унгарија, објави МТИ.
Зошто мораме да губиме, кога би можеле да оствариме корист, или барем да го заштитиме она што сме го постигнале – праша Орбан.
Тој изјави дека слободниот проток на украинска работна сила би можел да го загрози целосното вработување во Унгарија, што го смета за најголемо достигнување во последните 15 години.
Исто така истакна дека членството на Украина во ЕУ би можело целосно да ги промени финансиските основи на европското земјоделство, што би ги оставило унгарските земјоделци без средства, а стотици илјади семејства би ги довело во многу тешка положба.
Орбан предупреди дека ако Украина стане членка на ЕУ, во Унијата ќе влезе војна.
Доколку го одобриме пристапувањето на Украина, војната ќе влезе во Европската Унија, која беше создадена како сојуз за мир – рече Орбан, повикувајќи на отфрлање на членството на Украина.
Тој додаде дека брзото членство на Украина може да „ја уништи унгарската економија“ и дека неговата земја може да банкротира.
Орбан потсети дека граѓаните на Унгарија имаат право да одлучат за датумот на пристапување на Украина, но дека е многу тешко да се поддржи тој процес.
Ново на Сител
-
Скопје остана без приватни превозници, тврдат дека ЈСП им должи два и пол милиони евра
-
Судовите се неажурни во работата, нерешени им стојат 150 илјади предмети
-
Кампања „Преспа разбуди се“ за чиста средина
-
Панова: Измените на законот за работни односи во Собрание
-
Македонското земјоделство под влијание на климатски промени
-
Преглед на вестите од светот
-
Ѓорчев: Добра е стратегијата на македонската дипломатија на бугарската политика
-
Тема на денот со Марјан Ѓорчев, поранешен амбасадор во Бугарија