Орбан: Украина ја уценува Унгарија со затворање на нафтоводот „Дружба“

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека „Украина ја уценува Унгарија“ со запирање на протокот на нафта преку рускиот нафтовод „Дружба“ поради што Унгарија мора да ги ослободи своите стратешки резерви.
Во видеоизјава објавена на „Фејсбук“, Орбан рече дека ова ќе биде првата точка на дневен ред на денешната владина седница и нагласи дека целта на украинската уцена е да се принуди Унгарија да ѝ се приклучи на коалицијата на провоени европски земји.
„Значи, постои огромен притисок во Европа да се продолжи војната, а Украина особено сака сите ние, сите европски земји, вклучително и Унгарија, да ѝ се приклучиме на војната. Денес сè уште се бориме со ова“, заклучи Орбан.
Унгарија се снабдува со руска нафта преку нафтоводот „Дружба“, чиј јужен крак поминува низ Украина.
МИА
Ново на Сител
-

65-годишен скопјанец починал во сообраќајка
-

Мицкоски: Очекувам инфлацијата да биде под 3 проценти, во рамки на проектираното
-

Тошковски: Одделот за заштита на личности и објекти е столб на институционалната безбедност
-

Андоновски наредната недела на средба со претставници на Здружението на инфлуенсерите
-

СДСМ: Во наше време растеа платите
-

Влажен бран со дожд и снег, од понеделник стабилизација и пораст на температурите
-

Трипуновски: Опозицијата шири дезинформации, нема кратење на средствата за субвенции
-

Мерц: Не можам да верувам дека на Минхенската конференција целата сала стана за Рубио
