Орбан: Украинците ја загубија војната, Русија победи, единственото прашање е кога Западот ќе го признае тоа
„Русија ја доби војната со Украина“, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан пред состанокот меѓу претседателите на САД и Русија во Алјаска во петокот.
Унгарскиот премиер, кој одржува блиски врски со рускиот претседател Владимир Путин и покрај руската агресија врз Украина, е единствениот лидер на ЕУ кој не ја поддржа заедничката изјава во понеделникот во која се нагласува дека Украина мора да има право сама да одлучува за својата иднина.
– Сега зборуваме како да е ова неизвесна воена ситуација, но не е. Украинците ја загубија војната. Русија победи, рече Орбан за ЈуТјуб каналот „Патриот“.
„ Единственото прашање е кога и под кои околности Западот, кој стои зад Украинците, ќе признае дека ова се случило и какви ќе бидат последиците“, додаде тој.
Унгарија, земја која поголемиот дел од својата енергија ја добива од Русија, одби да ѝ помогне на Украина со оружје, а Орбан остро се спротивставува на патот на Украина кон ЕУ.
Унгарскиот премиер тврди дека Европската Унија ја пропуштила можноста да преговара со Путин за време на мандатот на демократскиот претседател на САД, Џо Бајден, а сега е загрозена дека други ќе ја обликуваат нејзината иднина.
– Ако не сте на преговарачката маса, тогаш сте на менито, рече Орбан, додавајќи дека Будимпешта се спротивставува на заедничката изјава затоа што Европа во неа изгледа „смешна и мизерна“.
„ Кога двајцата лидери ќе седнат на преговори, Американците и Русите… а вие не сте поканети таму, тогаш не брзајте кон телефонот, не трчајте наоколу, не викајте однадвор“, рече унгарскиот премиер за ЈуТјуб каналот „Патриот“.
Ново на Сител
-
ОН повторно воведе санкции кон Иран по неуспехот на преговорите за нуклеарната програма
-
Моќните странски гиганти ја „омекнуваат“ строгата регулатива на ЕУ
-
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози
-
Цистерни полни со нафта излетаа од шини кај Косјериќ
-
Од полноќ почнува кампањата за Локалните избори 2025
-
Осветување на храмот „Свети Константин и Елена“
-
Дождливо време, температуpa од 13 до 21 степен
-
Русија ги предупреди НАТО и ЕУ: Секоја агресија ќе биде пречекана со „решителна реакција“