Орбан: Унгарија нема да стане украинска колонија, Зеленски не командува тука

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави на социјалните мрежи дека украинскиот претседател Володимир Зеленски не командува во Унгарија и дека земјата нема да стане украинска колонија, објави порталот Индекс.
„Унгарија нема да стане украинска колонија, Зеленски не командува тука“, рече премиерот Виктор Орбан во видео објавено на неговиот Фејсбук профил.
Во видеото, премиерот потсети дека денес е 19-ти ден од украинската нафтена блокада. Според него, Зеленски продолжува да го затвора нафтоводот „Дружба“, и покрај тоа што знае дека е од витално значење за Унгарија и Словачка. Тој додаде дека унгарските експерти се во Киев со денови, но сè уште не им е дозволен пристап до локацијата.
„Ова е еднакво на признание“, смета Орбан.
Истовремено, унгарскиот премиер го подвлече фактот дека американскиот претседател Доналд Трамп почна да ги укинува санкциите за руската нафта, додека Европа не го стори тоа, што доведе до нагло зголемување на цените на горивата на континентот.
„Европа и целиот свет нема да можат да ја надминат нафтената криза без помош на евтината руска нафта. Американците веќе ги презедоа првите чекори и почнаа со укинување на санкциите, но во Брисел сè останува исто“, рече премиерот.
„Европската комисија и германскиот канцелар ги одржуваат санкциите наметнати врз руската нафта. Последиците се тука: во Австрија бензинот чини 700 форинти (100 форинти – 25 евроценти), во Германија 800, а во Холандија речиси 1.000 форинти за литар“, наведе Орбан.
„Тука во Унгарија, ние ја гарантираме безбедноста на семејствата, претприемачите и земјоделците со ценовен плафон. Постојано ги надополнуваме нашите стратешки резерви, така што нема и нема да има проблем со снабдувањето“, додаде премиерот.
МИА
Ново на Сител
-

Меѓународна конференција за институционалните и клиничките аспекти и решенија по пожарот во Кочани
-

Работнички протест на ССМ во Скопје со барање за минимална плата од 600 евра
-

Над 100 малолетници загинале во Либан поради војната додека раселувањето нагло расте
-

Во Кочани литургија и општ парастос за упокоените во пожарот во дискотеката „Пулс“
-

Најмалку 77 бродови поминале низ Ормускиот Теснец од почетокот на воените дејствија во регионот
-

Облачно со услови за повремен локален дожд
-

Еј-Би-Си: САД испраќаат 2.200 маринци на бродови кон Блискиот Исток
-

Како Brainster ги поместува границите на образованието? | Ања Марија Макеска | Sitel Podcast 141
