Османи: Бесмира Ејупи знае јазици и има безбедносен сертификат од највисок ранг

МНР е обвинет за непотизам, последниот случај е сопругата на пратеникот Мартин Костовски.
-Нема ништо незаконито во вработувањето. Министерството има недостиг на кадар кој ќе се посвети на тешката работа во дипломатија. Нововработените започнуваат со минимална плата и треба години за да напредуваат во кариерата. Тоа е тешка професија, тие се некој вид номади кои цел живот го поминуваат на различни места. Госпоѓата Костовска е преземена од Куманово и сега е на пониска позиција одошто била претходно, рече министерот за надворешни работи Бујар Османи во Студио 10 на ТВ 24.
Министерот вели дека Костовска е на постдипломски студии по меѓународна политика во Прага и во нејзиниот случај не станува збор за трговија со влијание. Тој додава дека таа професија бара време за напредување и со оглед дека и критериумите се тешки нема голем интерес за вработување во МНР. Османи вели дека во моментов има оглас за вработување на 16 нови луѓе.
Случај кој ја разбранува јавноста е случајот на презентерката Бесмира Ејупи за која се велеше дека се подготвува за конзул, а сега е вработена во МНР, додека во меѓувреме од различни државни институции земала хонорари од 12 илјади евра, за што вреќе е покрената истрага.
- МНР има потреба од 50 вработувања но сега Министерството за финансии одобри 16. Секој млад човек кој знае јазици и сака да се посвети да конкурира. Ејупи е преземена од Министерството за политички систем, како што по закон се преземаат и други службеници, вели Османи за Студио 10.
За Ејупи вели дека знае јазици и имала безбедносен сертификат од највисок ранг како ччлен на службата на протокол во претходното министерство.
Османи додава дека треба да се праша и ВМРО-ДПМНЕ за хонорарите на Ејупи бидејќи нивни градоначалник ја ангажирал.
Ново на Сител
-

Зеленски и европските лидери кај Трамп
-

АРМ слави 33 години постоење
-

ДИК: Само со два потписи независните ќе учествуваат изборите
-

Преглед на вестите од светот
-

ДИК одлучи кандидатурата за изборите да се одвива согласно член 63 - со 2 потписа
-

Тема на денот со проф. д-р Драган Даниловски, епидемиолог
-

Преглед на вестите од светот
-

Се чека одлуката на ДИК за ново упатство - партиите го обвинуваат ДУИ за неуспешните измени
