Осудените за убиството на Денис Тот бараат ново судење
Обвинетите за убиство на хрватскиот ракометар Денис Тот од Апелација побараа преквалификација на делото и помали затворски казни.
Обвинетите Анџело Ѓорѓиевски, Клементина Левковска и Андреј Костовски побараа да се повтори судењето бидејќи при носење на одлуката биле направени низа пропусти. Тврдат дека не сториле убиство со умисла и побараа да се направи супервештачење на наодите како настапила смртта кај ракометарот.
Првообвинетиот Анџело Ѓорѓиевски се пожали дека не биле презентирани во целост видео снимките каде јасно се гледа како му пружал прва помош на ракометарот и разговарал со лекарите. Побара да се земе сведоштво и од екипата на брзата помош. Тој повтори дека го удрил Тот во афектна состојба откако претходно бил нападнат.
Дополнително обвинетите бараат да сведочи и такси возачот кој до сега ниту Обвинителството ниту судот не го обезбедиле, а бил клучен сведок за тоа како настанал инцидентот.
Анџело Ѓорѓиевски и Клементина Левковска добија по 18 години, а третиот обвинет Андреј Костовски 16 години затвор.
Хрватскиот ракометар Денис Тот лани на 8 април почина на Карил откако беше претепан на излез од дискотеката „Привилиџ“.
-

Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
