Осумдневен притвор за двајцата вработени на штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“, кои ќе се гонат за компјутерска измама и злоупотреба на службена положба

Судија на претходна постапка од Основниот суд во Штип го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство за одредување мерка притвор од осум дена за двајцата вработени во Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип.
Обвинителството и МВР попладнево информираа дека во случајот со бришење и манипулации во електронскиот индекс се опфатени 44-годишниот Р.Т - раководител на е-индекс и 44-годишната М.М.Н - советничка на студентска архива од Универзитетот „Гоце Делчев“. Двајцата вработени ќе се гонат кривично за компјутерска измама и злоупотреба на службена положба.
Според МВР 44-годишниот Р.Т - раководител на е-индекс за различна сума пари, подолг временски период, на студенти од Турција им пријавувал испити по истекот на предвидениот рок, полагање испити по затворање на системот за пријавување испити, бришел и оценки и кредити на студентите во е-индекси со цел да запишат нов семестар или година, а внесувал и податоци дека наводно студентите ја платиле потребната школарина. При претресот во неговиот дом одземени се три лаптоп комјутери, четири телефони, усб стикови, документација како и пари. Со судска наредба извршено е пребарување на системот на е-индекс и системот на податоци на Универзитетот при што се пронајдени и одземени електронски податоци за извршени промени во тој систем.
- Но при тоа пронајдени се записи и за извршени промени во системот и од страна на 44-годишната М.М.Н. - вработена како советник на студентската архива и кај неа е извршен претрес на домот по дополнително издадена судска наредба, по што е лишена од слобода - соопштија од МВР.
Според Обвинителството двајцата вработени на штипскиот универзитет ова го работеле од 2021 до 2026 година, а како што наведуваат за сметка на тоа се стекнувале со материјална полза која во моментов се проценува на 21.000 евра.
МИА
Ново на Сител
-

Мицкоски од Дизелдорф: Македонија веќе 15 години не е членка на ЕУ поради вештачки прашања
-

Шестгодишно дете тешко повредено откако во него удрил камион во Скопје
-

Не застанал на полициски знак, удрил во службено возило, па нападнал полицајци во Липково
-

Насилство во автобус во Драчево: 27-годишник нападнал патници, возач и полицајци, оштетил и возило
-

Тошковски: За десет месеци 33 загинати помалку во сообраќајот
-

Извештај на ЕК: Македонија е целосно усогласена со ЗНБП и ги засили напорите за Реформската агенда, остануваат уставните измени
-

Добра вест: Обезбедена е „Трикафта“ за сите 126 пациенти со цистична фиброза
-

11 возачи приведени во изминатото деноноќие – Осум управувале без возачка дозвола, тројца под дејство на алкохол
