Отфрлени обвиненијата против Алек Болдвин за убиство на снимањето на филмот „Рѓа“

Специјалната обвинителка Кари Морисеј ја повлече жалбата во понеделникот, соопшти канцеларијата на обвинителот, пренесе Ројтерс.
Адвокатите на Болдвин рекоа дека „одлуката за повлекување на жалбата е конечна потврда на она што Алек Болдвин и неговите адвокати го зборуваа од самиот почеток – се случи невидена трагедија, но Алек Болдвин не изврши кривично дело.
Судијата во Ново Мексико ги отфрли обвиненијата за убиство од небрежност против Болдвин во јули, согласувајќи се со адвокатите на актерот дека обвинителите и канцеларијата на шерифот прикриле докази за тоа како куршумот што ја уби директорката на фотографија Халина Хачинс на сетот во 2021 година завршил во пиштолот.
Хачинс беше убиена кога Болдвин, вперувајќи пиштол во неа за време на снимањето на филмски сет, испука куршум. Пиштолот ненамерно бил наполнет со боева муниција од Хана Гутиерез, која била задолжена за оружјето на сетот, а во март беше обвинета за убиство од небрежност, а еден месец подоцна беше осудена.
Ново на Сител
-

Висок долг и високи камати - закана за економијата
-

Алиу: Да ги почекаме институциите
-

Полицијата во акција против пиротехника
-

Одбележани 6 години Интервентна полиција
-

Преглед на вестите од светот
-

Измени на Кривичниот законик за членот 353 – построги казни, но и враќање на старите одредби
-

Ресоцијализација преку учење занает: Жени осуденички шијат во текстилна работилница во Идризово
-

Тема на денот со Јована Тренчевска, потпретседателка на СДСМ
