Откажани двете денешни трки во Светскиот куп во алпско скијање

Машкиот слалом во Светскиот куп во алпско скијање во Вал д’Изер и супервелеслаломот во женска конкуренција во Сент Мориц, кои беа денеска на распоредот, се откажани поради обилните врнежи од дожд и снег кои беа регистрирани изминатата ноќ, соопшти Меѓународната скијачка федерација (ФИС).
„Поради актуелните услови на патеката по дождот и снегот изминатата ноќ, а со цел да се обезбеди сигурност и еднакви услови за сите скијачи, жирито одлучи да го откаже слаломот“, објави портпаролот на ФИС на социјалната мрежа Телеграм.
Ова е седма трка од воведните девет која е откажана во машка конкуренција, додека во женскиот куп е откажана третата трка во новата сезона.
Светскиот куп во алпско скијање треба да продолжи в четврток во италијанскиот зимски центар Вал Гардена.
Ново на Сител
-

Институциите го зајакнуваат системот за интегритет, практичната примена останува предизвик
-

Тема на денот со Благојче Атанасовски, аналитичар
-

Нов апарат за дијагноза на остеопороза во Мајчин дом
-

Прилеп доби Центар за менаџирање на дебелина
-

Ленче Ристоска си поднесе оставка
-

Претседател на бугарско здружение опфатен во акција за лов на педофили
-

Нови сведоштва за насилството на Стојанче Јовановски кон сопругата
-

Големите пекарници ветуваат: Засега нема поскапување на лебот
