Откажани повеќе од илјада летови кон дестинации во Блиски Исток

Повеќе од илјада летови кон дестинации во Блиски Исток денеска се откажани поради американско-израелската војна против Иран и одмаздничките напади на Техеран.
Веќе трет ден по ред е затворен најпрометниот меѓународен аеродром во Дубаи.
Според најновите податоци од утрово се откажани 1.239 летови, а „Емиратс ерлајнс“ со седиште во Дубаи, „Етихад ервејз“ со седиште во Абу Даби и „Катар ервејз“ со седиште во Доха, заедно откажаа стотина летови.
„Ер Индија“ вчера откажа летови од „у Делхи, Мумбај и Амритсар за поголемите градови во Европа и во Северна Америка.
Во саботата, кога почнаа американско-израелските напади врз Иран беа откажани приближно 2.800 летови, а 3.156 беа откажани вчера.
Нема летови во воздушниот простор над Иран, Ирак, Кувајт, Израел, Бахреин, Обединети Арапски Емирати и Катар.
Ново на Сител
-

СДСМ: Се потешко се живее, а владата не презема ништо
-

ВМРО-ДМПНЕ: СДСМ работи за партии во други држави
-

Казахстанскиот министер за интеграции во посета на Македонија
-

Земјоделските задруги клучни за подобрување на конкурентноста
-

Аграрот старее, младите се повлекуваат
-

Преглед на вестите од светот
-

Радев победи на изборите во Бугарија, неизвесно формирање на стабилна влада
-

Со нови линии до повеќе туристи
