Откриени 17 мигранти при обид за криумчарење на јужната граница
Полицијата спречи нов обид за криумчарење мигранти. Двајаца македонски државјани се обиделе да прокриумчарат вкупно 17 лица кои ги превезувале со две патнички возила со бугарски регистарски ознаки. Откриени се на локален пат помеѓу Богданци и селото Стојаково. Мигрантите и еден од возачите биле веднаш обезбедени, додека вториот возач е во бегство, но полицијата веќе го утврдила неговиот идентитет и интензивно трага по него.
Од почетокот на годината долж јужната граница откриени околу дваесетина случаи за криумчарење мигранти или за над 50% повеќе во однос на истиот период лани.
Во најголемиот број случаи мигрантите илегалниот влез од грчка на македонска територија го остваруваат со помош на криумчари од Пакистан по што повторно илегално продолжуваат да се движат кон внатрешноста со цел да бидат преземени од криумчари.
За разлика од претходно кога се превезуваа со поголеми возила и камиони во последниот период криумчарите најчесто користат патнички возила за превезување на мигрантите. Криумчарите, илегалните групи најчесто ги водат преку регионот на Гевгелија и Дојран, граничниот премин Богородица и автопатот Пријателство како и терените низ планината Беласица.
-
Зоран Ѓоргиев
Сите содржини од овој новинар