Отпорноста на лекови би можела да убие 39 милиони луѓе во следните 25 години, предупредува СЗО

Растечката отпорност на антибиотици и други лекови се заканува да ги направи рутинските хируршки зафати и породувањето опасни по живот и да ја загрози иднината на модерната медицина, предупреди денеска Светската здравствена организација (СЗО).
- Отпорноста на антибиотици – но пошироко зборуваме за антимикробна отпорност или АМР (AMR) - е широко распространета и ѝ се заканува на иднината на модерната медицина, изјави специјалистот на СЗО, Жан Пјер Њемази.
Пациентите со рак и луѓето со хронични заболувања исто така се соочуваат со поголеми ризици од инфекции предизвикани од бактерии, вируси или габи кои повеќе не реагираат на достапните терапии.
СЗО ги повикува земјите да ги засилат напорите за справување со антимикробната отпорност за време на неделата за подигање на свеста од 18 до 24 ноември.
Се проценува дека повеќе од еден милион луѓе починале како директна последица на антимикробната отпорност во 2021 година, рече Њемази.
Доколку продолжат сегашните трендови, моделирањето сугерира дека таа би можела да предизвика 39 милиони смртни случаи ширум светот во текот на следните 25 години, наведе тој.
Бројот на бактерии отпорни на најчесто користените лекови расте, додека се развиваат премалку нови антибиотици.
- Спречувањето на инфекциите е еден од најефикасните начини да се намали потребата од антибиотици, истакна специјалистката на СЗО, Праварша Пракаш.
Сепак, само нешто повеќе од една третина од земјите целосно ги имплементирале упатствата на СЗО за превенција од инфекции на национално ниво.
Премногу земји остануваат далеку од исполнувањето на целите поставени на Светското здравствено собрание во 2024 година, кои треба да се постигнат до 2030 година, соопшти СЗО.
Тие ги опфаќаат превенцијата на инфекции, употребата на лекови во болниците, капацитетите за тестирање и следењето на отпорноста.
МИА
Ново на Сител
-

СДСМ со интерпелација за Стоиљковиќ
-

Студенти по архитектура изработија идејни решенија за мултимедијален центар во Струмица
-

Преглед на вестите од светот
-

Дали поддршката на ВРЕДИ за ДУИ во Брвеница ќе донесе предвремени парламентарни избори?
-

Мицкоски: Ја продлабочуваме економската соработка со Германија, целта е повеќе инвестиции и повисок БДП
-

Тема на денот „Евроинтеграциите и Македонија“ со Бојан Кордалов, Европски центар за извонредност
-

Народна банка: Алта банка продолжува да работи, се бара нов сопственик
-

Интерпелација за Славески и надзорна комисија за работењето на Алта банка
