Oтстранети шаторите пред српскиот Парламент, Вучиќ најави парламентарни избори следната година

Пред Домот на Народното собрание во центарот на Белград, доцна синоќа беа отстранети шаторите каде што повеќе од осум месеци престојуваа поддржувачите на властите.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, најави во обраќање пред приврзаници на властите собрани синоќа пред парламентот, дека во следните неколку дена, таму ќе биде отворено божиќно село за сите граѓани, по што сообраќајот во тој дел од градот ќе биде нормализиран.
Вучиќ, исто така, најави дека во следниот месец ќе бидат отстранети шаторите од Пионирски парк, што се наоѓа спроти српскиот Парламент, поставени во март оваа година.
Претходно, дел од шаторите беа отстранети од Пионирскиот парк.
Вучиќ, синоќа објави дека следната година ќе се одржат избори, на кои, како што рече, актуелните власти ќе постигнат убедлива победа и со тоа „дефинитивно ќе се потврди довербата на граѓаните“.
„Го прифативме нивното главно барање, ќе одиме на избори следната година. Нема да бидат толку среќни кога ќе ги пребројуваат гласовите. Ќе ги победиме на секое место во Србија“, рече Александар Вучиќ, обраќајќи се пред насобраните пред Народното собрание.
Вучиќ рече дека „обидите за преземање на власта на улица се завршени“, тврдејќи дека граѓаните собрани околу Пионирски парк и платото пред Собранието „ја спасиле државата“. Тој додаде дека негова иницијатива е да се отстрани шаторската населба позната коликвијално како „Ќациленд“ од Пионирски парк и од платото пред Народното собрание, бидејќи верува дека, како што изјави, „обидот за преземање на власта со сила е пробан и завршен“.
„Мојот предлог е да се ослободи овој простор за некое време, бидејќи нивните обиди за преземање на власта се завршени“ .
МИА
Ново на Сител
-

Скопска парада 2026
-

Мицкоски денеска на средба со ЗНАМ, реконструкцијата готва до 1 јули
-

Уметници од Mакедонија, Бугарија и Грција вечерва во изведба на “Кармина Бурана” во Скопје
-

Мицкоски најави нова средба со маркетите за пониски цени на храната
-

Прилеп доби 8.320 канти и 126 контејнери за селекција на отпад како и 3 нови возила за собирање на отпад
-

Импортиран случај на зика во земјата, заболениот Македонец бил на Малдиви
-

Во Преспа се одржа трката „Prespa run and fun“, спортски настан чија цел е промоција на овој крај
-

Тешка сообраќајка со 10 повредени
