Македонија
18. February 2022 - 12:29

Отворени денови на советувалиштето за жртви на семејно насилство во Струмица

Преку отворени денови Советувалиштето за жртви на семејно насилство во Струмица ги информира жените и девојките од ромско-турската заедница за нивните права,  но и можностите што  ги имаат лицата  кои се соочуваат со овој проблем. На средбите со стручните тимови  заинтересираните имаат можност да се запознаат со ингеренциите на советувалиштето,  услугите што се нудат и капацитетот со кој тоа  располага. Целта е

Жените кои сакаат да го напуштат или доколку веќе го напуштиле насилниот партнер, да ги надминат преживеаните трауми и да го променат начинот на живеење.

Исто како и шелтер центарот и советувалиштето работи под капата на здружението Скај плус. Проектот е поддржан и од општина Струмица од каде што велат дека максимално ги поддржуваат ваквите активности бидејќи маргинализацијата треба да остане во  минатото, а жените треба да знаат со какви социјални услуги располага средината во која живеат и како тие да се искористат.

За околу два месеци колку што функционира советувалиштето биле реализирани над 40 индивидуални средби со жени жртви на семејно насилство.  Дел од нив  веќе ја напуштиле насилната средина.