-->
-->
Ова не е шега: Кловнови почнаа да напаѓаат луѓе!
-->

Инвазијата на кловнови во Австрија достигнала ново, прилично застрашувачко ниво.
Во австрискиот град Либенфелс човек маскиран во кловн претепал 18-годишна девојка, јавуваат германските медиуми. Нападот се случил во понеделникот околу 5 часот наутро. Девојката била во автомобил, а непознат вооружен маж маскиран во кловн ја застанал и ја претепал.
Тој ја извлекол од автомобилот и со лош германски акцент и барал пари. Откако таа му одговорила дека нема, тој ја претепал и побегнал.
Тежок потрес на мозокот
Тинејџерката се здобила со сериозни повреди на главата и итно била префрлена во болница во Клагенфурт.
Полицијата се уште не го пронашла напаѓачот, а единствениот опис кој го имале е дека изгледал како кловн.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Два случаи на Западнонилска треска потврдени на инфективната клиника
-

Саботна средба за Изборниот законик
-

Анкета: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедливо водство по две години на власт
-

Кој ќе биде нов секретар за државно владеење
-

Нов случај на врсничко насилство, прободено 12 годишно момче
-

Пожарите изгаснати, штетите огромни
-

Расправа за ребалансот
-

Над 5.000 граѓани се пријавиле за мерката самовработување, во Прилеп досега пријавени 316
