Овошните сокови со шеќер во големи количини се штетни за срцето

Овошните сокови кои содржат додаден шеќер во големи количини се опасни за срцето и значително го зголемуваат ризикот од други заболувања, тврди една американска студија.
Научниците кои следеле 18 илјади испитаници во текот на шест години, резултатите од своето истражување го претставија на конференцијата на Американското кардиолошко здружение.
Тие констатирале дека кај оние, кои пијат повеќе од 6,8 децилитри напитоци со шеќер, ризикот од смрт од срцеви или други заболувања е два пати поголем од оние кои дневно во просек конзумираат помалку од 3,4 децилитри.
Раководителот на истражувањето Џин Велч тврди дека резултатите само ја потврдиле важноста за контрола на внесувањето на шеќери во организмот.
- Сметаме дека истражувањето во значајна мера го поткрепува сознанието за важноста да се намали уделот на слатки напитки во нашата конзумација, нагласи Велч.
Тие наведуваат дека ваквите напитоци носат голем „прилив на шеќер“, кој телото потоа мора да го апсорбира.
Ново на Сител
-

Внимавајте со храната и алкохолот за новогодишната ноќ
-

Половина буџет оди во чинија: Македонецот изел 170 килограми леб, а само килограм и пол цреши
-

Последени моменти од 2025 година
-

Охрид во очекување на Новата година
-

Сиљановска: 2026 ќе биде година на реформи
-

Гаши: Со единство до напредок
-

Мицкоски: 2026 ќе биде година на напредок
-

Паркирањето во центарот на Штип целосно се дигитализира
