Македонија
17. November 2016 - 17:14

Озлогласениот муџахедин Лавдрим Мухаџери командувал со групата терористи кој планирале напади и во Македонија

Самопрогласениот командант на Албанците во Сирија и Ирак, озлогласениот терорист Лавдрим Мухаџери бил предводник на терористичката група која планираше напади во Македонија. Косовска полиција ги објави деталите за акцијата која беше спроведена во координација со властите во Македонија и Албанија. Планот бил неговите приврзаници во исто време да нападнат во трите земји. Косовската полиција откри дека цел на нападот бил и фудбалскиот меч помеѓу репрезентациите на Израел и Албанија минатата недела, но групата беше приведена неколку дена претходно. Токму поради овој план натпреварот наместо во Скадар се одржа на стадионот во Елбасан.

- Во текот на истрагата, полицијата утврди дека осомничените биле поделени во неколку групи и координарина и раководени од терористот Л.М. Овие групи работеле одделно, но во координација со Л.М. и Р.Х. кои се во Сирија како дел од ИСИЛ. Тие имале јасен план кој и каде треба да го изврши нападот, се вели во соопштението објавено од Косовската полиција.

Минатата недела  директорот на бирото за јавна безбеност информираше дека во групата биле вклучени и двајца македонски државјани. Момчиња од 23Скопје и 24арачиново и планирале напади на територијата на Македонија.

23 годишникот од Скопје кој беше приведен на Косово се уште не е предаден на македонската полиција. Неговиот соработник од арачиново е во притвор.