Пациентите со дијабетес бараат редовни офталмолошки скрининзи за ретинопатија за да спречат слепило
Превентивни офталмолошки прегледи за ретинопатија еднаш годишно за навреме да се открие дијабетична ретинопатија и да се спречи слепило, бараат од Сојузот на здруженија на дијабетичари. Во Македонија само 13 проценти се дијагностицирани, а половина од пациентите со шеќерна болест не се свесни за влошената состојба со видот се додека не им се јават првите потешкотии. Дополнителен проблем е и немањето доволно офталмолози надвор од Скопје, посочуваат од Сојузот.
Пациентите со дијабетична ретинопатија на светскиот ден на видот побараа и подостапна терапија за што поголем број лица со дијабетес кои се соочуваат со оваа компликација.
Од Сојузот на здруженија на дијабетичари сметаат дека во Македонија е неопходно да се направи регистар за офталмолошки болести кај лицата со дијабетес, а државата да води погхолема грижа и за семејствата на пациентите кои го изгубиле видот поради ретинопатија.
-
Алексанадр Динев
Сите содржини од овој новинар
