Палмер по триумфот на Челзи на Светското клупско првенство: Сите се сомневаа во нас

„Чувство е одлично, уште повеќе затоа што сите се сомневаа во нас пред натпреварот, а ние знаевме дека можеме да победиме“, изјави Кол Палмер, кој го предводеше Челзи до победата од 3-0 над ПСЖ во финалето на Светското клупско првенство.
Палмер синоќа беше херојот на Челзи, откако во 22 минута го донесе англискиот тим во водство, а само осум минути подоцна го постигна и својот втор гол во финалето кое се одигра пред 82.500 гледачи на стадионот „Метлајф“ во Ист Радерфорд. Печат на триумфот на Челзи над актуелниот европски првак стави Жоао Педро во 43 минута на асистенција на Палмер.
За Челзи ова е втора титула на Светското клупско првенство, кое оваа година прв пат во историјата се одржа во нов формат и учество на рекордни 32 екипи. Дебитантскиот трофеј Челзи го освои во 2021 година кога во финалето го совлада бразилски Палмеирас.
Реал Мадрид е рекордер со пет титули, пред Барселона со три, додека Коринтијанс, Баерн Минхен и Челзи триумфираа два пати.
Уште седум клубови го освојуваа Светското клупското првенство од премиерното издание во 2000 година – Ливерпул, Сао Паоло, Интернационал, Милан, Манчестер јунајтед, Интер и Манчестер сити.
Ново на Сител
-

Нов член во Судски совет според нов закон, а стари критериуми
-

Масовен вандализам во Ново Лисиче: Оштетени над 40 возила
-

СДСМ со нова т.н бомба, ВМРО-ДПМНЕ ги бара документите со кои Филипче добил златна виза
-

Осумчлено семејство остана без дом, откако пожар им ја пеплоса куќата
-

ЈКП-ЈА бараат итни измени во Законот за јавни претпријатија
-

Охрид исполнет за празниците
-

Тема на денот со Петар Керамитчиев, Граѓанска иницијатива за чист воздух во Скопје
-

СДСМ го обвини Деспотовски за соработка со ВМРО-ДПМНЕ, тој вели - Ова не е СДСМ, ниту некогаш ќе биде
