Папата Лав Четиринаесетти ќе прогласи седум нови светци

Папата Лав Четиринаесетти денеска ќе прогласи седум нови светци на Католичката црква, вклучувајќи три калуѓерки, соопшти Ватикан.
Ова е втората церемонија на канонизација со која претседава папата Лав Четиринаесетти од неговиот избор за поглавар на Римокатоличката црква на 8 мај, по смртта на папата Франциск, пренесува парискиот весник „Фигаро“.
Како што наведува Ватикан, папата денеска ќе канонизира седум нови светци, вклучувајќи го првиот светец од Папуа Нова Гвинеја, надбискупот погубен за време на ерменскиот геноцид и еден Венецуелец кој се сметал за „доктор на сиромашните“.
На свечената миса што ќе се одржи на плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан, како што е најавено, ќе бидат канонизирани и три калуѓерки кои го посветиле својот живот на сиромашните и болните.
Ново на Сител
-

Што ќе донесе договорот меѓу САД и Македонија?
-

Цвета Ристовска поднесе оставка во ДКСК
-

Гоце Наумовски пред избор за уставен судија, во судски активен огласот за втор кандидат
-

Кои министри на Вреди ќе заминат од Владата допрва ќе се одлучува
-

ОЈО Струга оформи предмет за загадувањето на водата за пиење
-

Пад на месечната инфлација од 0,7%
-

Починала во 2006-та, а во декември родила дете
-

Преглед на вестите од светот
