Парада на Црвениот плоштад во Москва, Путин рече дека верува во победа

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека е уверен во победа, додека ја надгледуваше воената парада на Црвениот плоштад по повод поразот на нацистичка Германија во Втората светска војна.
Безбедноста во Москва беше засилена додека Путин и неколку странски лидери присуствуваа на парадата по повод Денот на победата.
Путин ги поздрави руските војници кои се борат во Украина, велејќи дека тие „се соочуваат со агресивна сила вооружена и поддржана од целиот НАТО блок“.
„Победата отсекогаш била и ќе биде наша“, рече Путин пред војниците на Црвениот плоштад.
„Клучот за успехот е нашата морална сила, храброст и смелост, нашето единство и способност да издржиме се и да го надминеме секој предизвик“, рече рускиот претседател.
Во Русија, фокусот е на прославата на Денот на победата во Втората светска војна, а оваа година, за првпат по речиси две децении, парадата се одржа без тенкови, ракети и друго тешко оружје, освен традиционалното прелетување на борбени авиони.
Малезискиот крал Султан Ибрахим Искандар, претседателот на Лаос Тонглун Сисулит, казахстанскиот претседател Касим-Жомарт Токаев, узбекистанскиот претседател Шавкат Мирзоев и белорускиот лидер Александар Лукашенко требаше да присуствуваат на свеченостите во руската престолнина.
Роберт Фицо, премиерот на Словачка, членка на Европската Унија, требаше да се сретне со Путин и да положи цвеќе на Гробот на незнајниот војник веднаш пред ѕидините на Кремљ, но не планираше да присуствува на парадата на Црвениот плоштад.
Ново на Сител
-

Експресниот пат Куманово-Страцин за целосно поврзување на Коридорот 8
-

Владата го извести Брисел: Реформската агенда е исполнета во рокот
-

Истекува мандатот на Абази, оглас за избор во август
-

Се шират жариштата на овчата сипаница на истокот
-

За неполн месец спасени 10 давеници
-

Седум ЕУ држави се спротивставија на Мерц, нудат нов план за целосно членство на Западен Балкан
-

Тема на денот со Јованка Тренчевска, потпретседателка на СДСМ и пратеничка
-

Преглед на вестите од светот
