Македонија
24. December 2025 - 16:34

Паркингот на Клинички стана сопственост на државата, а ќе го управува „Градски паркинг“ - Ќе се реши ли хаосот?

Решени административнните пречки и паркингот на Клинички стана сопственост на државата, а во иднина со него ќе управува “Градски паркинг– Скопје”. Ваква одлука била донесена на вчерашната владина седница. Министерот за здравство информира дека скопското јавно претпријатие ќе има обврска да го модернизира просторот и да ја дигитализира апаратурата. Ќе има 400 нови паркинг места и катна гаража на местото на модуларната пред Инфективна. Цената за вработените ќе остане иста, а  пациентите и посетителите ќе плаќаат различно, но не поскапо уверува Алиу.

- Ќе има три цени, за онколошки пациенти влезот ќе биде бесплатен, за пациенти со упат влезот ќе биде евтин, ќе има трета цена и за граѓани кои доаѓаат поради икс причини во кампусот, изјави Азир Алиу, министер за здравство.

Паркингот на Клинички стана децениски проблем, а ако најдете слободно место како да сте добиле на лотарија. Решавање на хаосот најавуваа сите министри за здравство последните десетина години. Лани на Влада беше донесена и одлука за јавно -приватно партнерство. На огласот се пријави само една фирма “Ѓока констракшан” од Албанија, но по реакциите во јавноста договор не беше потпишан.

Заедно со паркингот вчера Владата донела одлука и за набавка на 100 нови и комплетно опремени амбулантни возила за сите здравствени установи кои имаат потреба. 

- Распределбата ќе се направи согласно потребите на здравствените установи. И со нив ќе бидат покриени 80 проценти од барањата на директорите. Нареддната 2027 ќе набавиме уште 50 нови амбулантни возила, рече Алиу.

100-те амбулантни возила ќе чинат околу 7,5 милиони евра, а ќе се исплаќаат од државниот буџетот во наредните 4 години.