Парламентарни избори во Ерменија

Граѓаните на Ерменија денеска гласаат на избори за нов состав на парламентот, а гласањето се смета за важен тест за поддршката на премиерот, Никол Пашињан, и неговата политика на зближување со Западот и нормализација на односите со Азербејџан по конфликтот околу Нагорно-Карабах.
Според предизборните анкети, владејачката партија на Пашињан „Граѓански договор“ води со поддршка од до 32 проценти од гласачите, додека проруската опозициска партија „Силна Ерменија“ е на второ место со околу 11 проценти поддршка.
Откако дојде на власт во 2018 година, Пашинјан се стреми да ги продлабочи врските со западните земји и да ја намали зависноста од Русија.
Неговата влада, исто така, ги истакнува економските резултати, наведувајќи значителен раст на животниот стандард и економијата за време на неговиот мандат.
Опозицијата е предводена главно од проруски политички сили, вклучувајќи ја и партијата „Силна Ерменија“, која ја основа руско-ерменскиот бизнисмен Самвел Карапетјан.
Опозициските лидери се залагаат за зачувување на блиските односи со Москва, која останува важен енергетски партнер и пазар за ерменскиот извоз.
Критичарите ја обвинуваат владата за авторитарни потези и притисок врз политичките противници, додека владата тврди дека мерките на безбедносните служби се насочени против обидите за дестабилизација на државата.
Околу 2,48 милиони гласачи во земјата со приближно три милиони жители имаат право на глас на изборите.
Ново на Сител
-

Груби не се чувствува виновен за злоупотребата на 9,7 милиони евра во Лотарија
-

26-годишен скопјанец убиен на „Пластичарска“
-

Дали заладувањето го намали ризикот од западно-нилска треска?
-

Состојба со пожарите
-

Панел дискусија: 8 Септември низ призма на неговите непосредни учесници и сведоци на Вила Водно
-

Музички спектакл за Денот на независноста: Дејвид Гета доаѓа во Скопје
-

Болеста меѓу овците се шири вакцините се уште ги нема
-

СДСМ бара проширување на истрагата за возачот на Јанушев
