Парното од 1 декември поскапо за 7,56 отсто

Поради зголемената цена на природниот гас, што е резултат на геополитичките случувања, донесена е одлука со која од 1 декември цената на топлинската енергија се зголемува во просек за 7,56 отсто за домаќинствата што се снабдуваат од „ЕСМ снабдување“, „ЕСМ дистрибуција“, „ЕСМ производство на топлина“ и „ЕСМ енергетика“ - информира Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).
- З а корисниците што се приклучени на мрежата на поранешната топлана „Скопје Север“, сегашна „Енерџи еколинк“, зголемувањето е за 5,84 отсто - прецизираат од РКЕ.
Нагласуваат дека со оваа одлука просечната сметка ќе се зголеми за 188 денари и ќе изнесува 2.681 денар.
- Одлуката следува откако сите компании што ги снабдуваат потрошувачите со топлинска енергија во градот Скопје доставија вонредни барања за промена на регулираниот максимален приход и ревидирање на цената на топлинска енергија, што беше донесена во јули, а е во сила од 1 август 2026 година - велат од РКЕ.
Во градот Скопје речиси 70.000 потрошувачи се снабдуваат со топлинска енергија.
МИА
Ново на Сител
-

Балканските лидери денеска во Охрид бараат заеднички одговори за европската иднина на регионот
-

Тошковски: Боди камерите во иднина ќе бидат основна опрема за полицијата
-

Уставен ќе одлучува за колективниот договор за култура, синдикатот на протест
-

ВМРО-ДПМНЕ: Ќе се анализираат цените на становите во секоја општина поединечно
-

СДСМ со документ: Директорката на српската Алта груп поседува фирма во Скопје
-

Преглед на вестите од светот
-

Од Собранието најавија итна седница за измените за заштита од насилство штом Владата испрати издвоено мислење
-

Тема на денот со Марта Гусар, адвокат
