Партиите со меѓусебни обвинувања за идејата за резолуција со Бугарија
Идејата за заедничка резолуција со Бугарија за македонскиот јазик и идентитет причина за нови партиски препукувања. Опозициската СДСМ обвинува дека Предлогот за резолуција со Бугарија е штетна, а ВМРО-ДПМНЕ отвора затворени прашања и удира врз македонските позиции.
Клучното прашање е зошто власта отвора прашања кои веќе се затворени кога македонскиот јазик и идентитет се неспорни, потврдени и признаени во светот и Европа. Овој потег ѝ дава дополнителен маневарски простор на бугарската страна за нови условувања. ВМРО-ДПМНЕ нема никакво влијание во Европскиот парламент ниту сојузници што се потврди и со гласањето за извештајот. Ваквата резолуција би значела нов пораз во ЕП, велат од СДСМ.
Власта ги проблематизира носечките столбови на македонската државност и самобитност. ДПМНЕ ја продава историјата и јазикот за европски аплаузи, обвинуваат од Левица.
Левица повторно повикува македонските институции јасно да стават до знаење дека нема да прифатат никакви заеднички иницијативи со Бугарија кои го доведуваат во прашање македонскиот јазик, историја и идентитет. Наместо да се вплеткува во дипломатски стапици, Владата треба веднаш да ја прекине комуникацијата со Софија за овие прашања, стои во соопштението на Левица.
Владејачката ВМРО ДПМНЕ пак возвраќа дека опозицијата се ставила на располагање на странски центри блиски до Бугарија и преку хибридни операции ја напаѓаат власта.
Венко Филипче и СДС веќе не се воопшто автентични. Венко Филипче и СДС целата своја стратегија и приод и го имаат оставено на Бугарија.Во периодот што следува ќе гледаме многу фабрикувани вести, лажни документи и изнудени реакции.Македонија, а пред се премиерот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се под удар на хибридни операции водени од страна, а извршени од СДС.Сомневањата ни се дека крајниот финансиер на ваквите операции е една голема источна земја, која има силно влијание и во Бугарија, велат од ВМРО ДПМНЕ.
Македонските власти појаснуваат дека предлогот не ја доведува во прашање посебноста на македонскиот идентитет туку и дава простор на Бугарија да покаже дека тој не е пречка за македонските интеграции.
-
Ивана Соколовиќ Најдовa
Сите содржини од овој новинар