Македонија
10. March 2021 - 20:06

Партиите во меѓусебни обвинувања за блокадата во Собранието

Не тесното мнозинство, туку несоработката на опозицијата во услови кога власта има заболени пратеници со корона е причината поради која Собранието е заглавено тврдат од власта откако вчера пропадна денот за гласање на заостанатите закони.

Од владејачкото мнозинство обвинуваат дека поради ВМРО-ДПМНЕ во парламентот се заглавени новиот Клинички центар, законот за легализација на дивоградби, за заемот за еколошки превоз во Скопје, за енергетска ефикасност...

„Блокираат и Закони за реализација на мерките од петтиот пакет. Сето ова е доказ за неодговорноста, за неразумноста и деструкцијата на ВМРО-ДПМНЕ овде во Собранието. И како тоа да не е доволно, денеска видовме дека ВМРО-ДПМНЕ се толку бездушни што се радуваат на тоа што пратеници се заболени од коронавирусот.“

Сепак, од власта не нудат конкретно решение како да се одблокира работата на Собранието. Од опозицијата пак, велат дека блокираат само закони кои се личен и партиски интерес на СДСМ и ДУИ.

Од друга страна парламентот се соочува со блокада на сите закони од страна на Алијанса на Албанците и Алтернатива се додека не биде донесен нивниот закон за државјанство.