Партиите во подготовка за тет-а-тет средбата на лидерите
Од читачи за отпечтаоци од прст, до попис, вакцинација, блокирано Собрание и предврмени избори. Долг е списокот на прашања кои премиерот и лидерот на СДСМ Заев и лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски ќе го отворат на понеделничката средба.
Очекувањата на власта се дека на средбата ќе има напредок во делот на измените на изборниот законик за користење на читачите за отпечатоци од прсти отворените листи за локалните избори.
Иако на средбата ќе се зборува и за една изборна единица на идни парламентанри избори, од СДСМ се на ставот дека предвремемени избори не се потребни.
Од ВМРО-ДПМНЕ засега без прогнози за лидерската средба.
Заев и Мицкоски издвоена лидерска средба последен пат имаа лани во јуни во посредство на шефот на државата Пендаровски за предврмените парламентарни избори. Опозцијата веќе неколку месеци бара нов лидерски состанок бидеки смета дека државата е во политичка, економска и здравствена криза. Средбата во понеделник се одржува на барање на Мицкоски.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
