Pаст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал

Бруто-домашниот производ порасна за 3,1 % во првото тримесечје од 2026 година во однос на истиот период од 2025 година - соопшти денеска Државниот завод за статистика.
Во првото тримесечје од 2026 година поголем пораст е забележан во секторите: Градежништво од 7,2 % и Стручни, научни и технички дејности; Административни и помошни услужни дејности од 6,1 %.
Финалната потрошувачка во првото тримесечје од 2026 година номинално расте за 7,3 %, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ е 86,4 %.
Бруто-инвестициите во првото тримесечје од 2026 година номинално растат за 1,8 % како резултат на порастот на бруто-инвестициите во основни средства.
Според сезонските и календарски приспособените податоци, стапката на раст на бруто-домашниот производ во првото тримесечје од 2026 година во однос на првото тримесечје од 2025 година е 3,3 %.
МИА
Ново на Сител
-

Гужвите на Богородица продолжуваат - Грција бара нови решенија
-

13 годишник загина возејќи електричен тротинет во Куманово - дали е потребна построга регулатива?
-

Вештачката интелигенција, помош или опасност за младите
-

Владата викендот ќе одлучува дали ќе продолжат мерките за горивата
-

Преглед на вестите од светот
-

Денеска се одбележува Задушница, споменот на починатите
-

Нов пристап за стручни кадри во Штип
-

Обуки за спасители на вода
