Павлопулос: Солун е буден чувар на грчкиот карактер на Македонија, кој не може да се оспори и за кој не се преговара
Прославата на денот на ослободувањето на Солун повторно го стави национализмот на Павлопулос на прво место. Одбележувањето на денот на ослободувањето од отоманската империја но и патрониот празник на градот Св Димитрија, Павлопулос гоо искорити да порача дека токму Солун е чувар на грчкиот карактер ба Македонија, кој ниту може да се оспори ниту пак за него може да се преговара.
-Денот на одбележувањето на светиот спомен на заштитникот на Солун, Св. Димитрија е и годишнина од значајниот тек на Солун,од една страна во историјата на грчкиот народ и православието. А од друга страна, како арка и буден чувар на грчкиот карактер на Македонија, кој не може да се оспори и за кој не се преговара, изјави Павлопулос.
Оваа порака на Прокопис Павлопулос уште еднаш ја потврди неговата националистичка мисија која стартуваше уште при одбележувањето на ослободувањето на Воден, пред една недал, следуваше општината Делта за да заврши на големиот собир во Солун. На големиот настан кој поврзува неколку празници за грците, денеска во Солун покрај Павлопулос присуствуваше и поранешниот грчки премиер Костас Карамансли, познат по сврстите ставови и црвени линии во спорот за името. Јанис Бутарис како татко на градот беше нивниот домаќин, а главната прослава на која присуствуваа и заменикот шеф на грчката дипломатија и минситерката за Македонија и Тракија се одржа во црквата која го носи името на патронот СВ. Димитирја.
Пораките дека Македонија била, е и ќе биде грчка и отфрлањето на било какво преговарање за тоа упатува силна порака кон властите во Македонија. Во време кога бсе интензивираа средбите меѓу претставниците на двете влади и кога започна градењето на мерки за доверба ваквите изјави на Павлопулос се голем чекор назад. Неизвесно е само дали е ова дел од неговата церемонијална функција или знак за промени во преговорите.
-

Иван Кузмановски
Сите содржини од овој новинар
