Пендаровски бара одговорност за домаќините на Албин Курти
Пендаровски бара да бидат казнети градоначалниците на Чаир и Тетово бидејќи ги прекршиле законите и дозволиле да се промовираат шовинистички идеи на јавните собири. Веење на знаме со карта на голема Албанија“ е разгорување на етничка омраза вели Пендаровски. Побара институциите во најкус можен рок да постапат по кршењето на законските одредби што на овие целосно биле игнорирани симболите на државата, без употреба на државното знаме и химна.
„Истакнувањето на провокативна националистичка иконографија што промовира великодржавни шовинистички идеи претставува разгорување на етничка омраза и нетрпеливост со што недвосмислено се напаѓаат основните принципи и вредности на Рамковниот договор како и концептот на Македонија како мултиетничка држава. Организаторите на јавните собири во Тетово и во Чаир мора да бидат законски санкционирани
Претседателот реагира и за преименувањето на улицата во Чаир од Втора македонска ударна бригада во името на косовски активист Адем Демачи.
Начинот на реализација на идејата за преименувањето на улицата во општината Чаир е во спротивност со принципот на демократска дебата и почитување на историското наследство на сите заедници во државата. Во таа смисла, очекувам надлежните инспекциски служби да проверат дали при носењето на одлуката е почитуван принципот на двојно мнозинство, кој треба да ги вклучува и гласовите на заедниците кои не се во мнозинство во таа општина.“
Говорот на косовскиот премиер пред граѓаните во Тетово се смета за директно мешање во внатрешните работи на Македонија. Приватната посета на Курти во земјава предизвика лавина реакции дома и на балканот. Според Претседателот на Србија настаните со Курти во Македонија се скандозни, особено промовирањето на идејата за голема албанија. Тој во интервју на српската пинк тв го коментираше и преименувањето на улицата во Чаир, по името на косовскиот активист Адем Демачи.
Вучиќ оцени дека со овие активности косовскиот премиер сеобидува да поттикне немири на балканот а за тоа молчи меѓународната заедница.
Опозициската ВМРДО ДПМНЕ реагира и прашува ако власта не знаела за приватна посета на Курти, тогаш кој дозволил засилено полициско обезбедување на настаните каде тоју беше приосутен. Обвинија и за шверцерско преименување на 500 улици во 2021г.
И премиерот Ковачевски вчера остро реагираше за начинот на кој е преименувана улицата во Чаир и ги осуди настаните каде сериозно се прекршени уставот и законите со знамето на голема албанија.
-

Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
