Пендаровски со стратегијата МКД 2030 ќе ги подобрува критичните сектори
Закочени европски интеграции, партизирани институции, политички кризи, скромен економски раст, корупција и сива економија- ова се дел од проблемите кои ги нотираше шефот на државата Стево Пендаровски, а со кои се соочува нашата земја. Пендаровски ја промовираше Рамката за развој МКД 2030, со стратегии како до крајот на деценијата да се решат клучните проблеми.
Приоритетните области во кои земјава треба да вложува според Рамката за развој се забрзан економски раст, повисока заштита на животната средина и реформирана енергетска политика, дигитализација и образование и младите.
Како дел од предлозите да се подобрат овие сфери се креирање на нови работни места, поттикнување нови инвестиции, обезбедување квалитетен воздух низ целата земја, ефективен систем за управување со отпадот, целосна дигитализација на јавните услуги, современо образование, стратегии за намалување на сиромаштијата.
Деталното осмислување на мерките преку кои би се реализирале препораките е задача на владините институции, а во Рамката за развој стои дека во одредените приоритетни области земјава треба да вложува независно од политичките промени во владењето на државата.
-
Тамара Дичоска
Сите содржини од овој новинар
