Македонија
10. May 2023 - 17:03

Пендиков стана Бугарин на свечена церемонија - уверението му го даде Јотова

Христијан Пендиков официјално стана Бугарин. На свечена церемонија и со интонирање на бугарската химна документите му ги врачи лично потпретседателката Илијана Јотова. Таа во обраќањето посочи дека Пендиков од денеска ќе има заштита од Бугарија, а тој има обврски кон државата бидејќи станува нејзин и граѓанин на Евриопската Унија.

Пендиков на церемонијата се обрати на бугарски јазик и се заблагодари на полицијата која го штити бидејќи уште добивал закани.

Пендиков на јавноста и стана познат откако во јануари беше претепан во Охрид, зошто како што изјави дека се декларирал како Бугарин. Веднаш беше префрлен со бугарски владин авион во болница во Софија, а доби и стан и полициска заштита.

Тој беше секретар на сега веќе згаснатиот бугарски клуб “Цар Борис III”, а против него во во охридското обвинителство има предмет поради омаловажување на македонскиот народ и Македонија.