Пентагон: Очигледното протекување тајни американски документи претставува „сериозен“ безбедносен ризик
Очигледното протекување американски разузнавачки документи претставува „многу сериозен“ ризик за националната безбедност на САД, соопшти Пентагон.
- Документите што кружат на интернет претставуваат „многу сериозен ризик за националната безбедност и имаат потенцијал да шират дезинформации“, изјави вчера Крис Мегер, помошник на секретарот за одбрана за јавни работи.
Украина промени дел од своите воени планови по објавувањето на строго доверливи документи на Пентагон, објави извор близок до украинскиот претседател Володимир Зеленски, јави Си-Ен-Ен.
Протекоа 53 документи кои содржат информации за периодот од средината на февруари до почетокот на март.
Еден од документите открива дека САД го шпионирале Зеленски, пренесува Си-Ен-Ен.
Според изворот, „ова не е изненадувачки“, но украинските власти се длабоко разочарани од протекувањето.
Ново на Сител
-

Почина Владо Јаневски
-

Пет активни пожари на отворен простор, соопшти ЦУК
-

Путин: Русија минува низ тежок период, но ќе ги надмине сите закани
-

Уапсени 14 возачи за безобѕирно управување возило
-

СЗО: Над 1.300 луѓе починаа поради топлотниот бран во Европа
-

Осум пожари на отворено во текот на денов, три сè уште активни
-

Кривична за 42 годишна жена, ги оставала своите деца да спијат во нејзиното возило додека била на работа
-

ЈО: Насилна е смртта на жената од Таор, за убиството осомничен поранешниот сопруг
