Пентагон за првпат призна недостиг од муниција во војната против Иран

Американското министерство за одбрана во денеска објавениот извештај признава за „недостиг” на муниција поврзан со војната со Иран – констатација што администрацијата на Трамп категорично одбиваше да ја потврди изминатиот период.
„Потребите за муниција за време на операцијата ‘Епски гнев’ доведоа до недостиг во стратешките залихи и открија пречки за индустријата за пополнување на муницијата”, се наведува во извештајот на главниот инспектор на Пентагон во врска со американската операција против Иран.
Во извештајот се посочуваат и мерките што ги спровело Министерството за брзо зголемување на производството.
Кога во јуни медиумите објавија дека САД го ограничуваат користењето ракети, особено пресретнувачките, владата ги негираше тие информации, а самиот американски претседател Доналд Трамп изјави дека земјата располага со „огромни количества муниција”.
На почетокот на овој месец американскиот претседател повторно напиша дека САД располагаат со „практично неограничени количества муниција”. Медиумите пишуваат дека токму недостигот муниција била причина Трамп да не ги продолжи масовните напади врз Техеран ова лето.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Зоран Јовановски, економист
-

Перпарим Бајрами се предаде на полицијата по речиси две години бегство
-

Истражување - Македонските ученици се полуписмени
-

Мицкоски: Сите настани за независноста ги чинеа граѓаните нула денари
-

Мицкоски и СДСМ во нова политичка препирка по пораката за „талогот“
-

Нафтата надмина 100 долари за барел - премиерот најави мерки, ако поскапувањето на горивата продолжи
-

Пола милијарда долари во зелена енергија
-

Михаил спаси семејство од давење
