Македонија
5. October 2026 - 16:43

Пензионерите добија три проценти повисоки пензии

Минималната пензија во Македонија за една деценија е зголемена од 7.783 денари на околу 21.515 денари, покажува анализата на „Пари МК“.

Во септември 2016, просечната пензија изнесувала 13.106 денари, додека сега достигнува 28.891 денар.

Според анализата, минималната пензија за 10 години е зголемена за 176.4%, просечната за 120,4%, а максималната за 153,1%.