Пензионерите се поделија
Пензионерите кои заеднички протестираа за линеарно зголемување на пензиите по 5000 денари и утврдување на минимална пензија од 18 000 денари, на последниот состанок во Кавадарци се поделија. Едните, од Кoчани, Неготино, Кавадарци, Македонска каменица и дел од Тетово, одлучија преку политичка партија да се борат за пратеничко столче, а останатите своите права ќе продолжат да ги бараат на улица. Светиниколските пензионери им порачаа на дека нивниот глас нема да го добијат.
- Сите кои ќе ни дадат поддршка, ние ќе ја прифатиме, сите оние кои нема да ни дадат поддршка, ние нема да им дадеме глас. Ако не сакаат да ни излезат во пресрет, да ни помогнат, тогаш и ние со нашиот глас остануваме неми, изјави Трајче Станојков, член на ИО за протести во Свети Николе
- Да ги поздравиме и парламентарците, сегашните и идни кои мислат да се кандидират, доколку не се исполнат нашите барања ќе немаат глас или ќе биде нашето ливче прешкртано со Х, изјави пензионер од Свети Николе.
Најавија дека секоја недела ќе излегуваат на протести, а своите барања ќе ги упататат и до министрите во техничката Влада.
- Бараме сега од техничката Влада пензиите да се усогласат. Ако е вредноста 10 или на пример 20 милиони денари, подедналво да им бидат поделени на сите пензионери- додаде Станојков
Незадоволни се и од масовноста на протестите, зашто само одредена група на пензионери во градовите е активна, а се борат за правата на сите.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар